(Видео) Хаос во српското собрание: Свирежи и извици, работата целосно блокирана

Пратениците во српското собрание денеска ја продолжуваат седницата, а власта и опозицијата расправаат за предлогот за ребаланс на буџетот, за акцизите, како и за спорниот закон за трговски друштва и за избор на нов министер за економија.

Опозицијата претходно најави дека ќе ја блокира работата на парламентот и побара одржување вонредни парламентарни и белградски избори до крајот на годинава.

Видеото од хаосот може да го погледнете ТУКА.