(Видео) Страшна сообраќајка во Србија – возеше во спротивен правец!

На социјалните мрежи се појави видео од тешка сообраќајна несреќа на автопатот „Милош Велики“ во Србија.

Како што беше претходно соопштено, едно лице загина, а две други се тешко повредени.

Несреќата се случила околу 16 часот на автопатот кај Обреновац, во правец кон Белград.