(Видео) Србинка со џип влета во продавница во Пефкохори

Туристка од Србија направи хаос на шеталиштето во Пефкохори, откако со својот џип влета во продавница во популарното грчко одморалиште.

Жената ги измешала контролите на автоматскиот менувач и тргнала во рикверц, по што удрила во излог на продавница за миленичиња.

Србинката предизвикала само материјална штета и нема повредени лица во инцидентот.