
Светското првенство во атлетика што се одржуваше во Будимпешта понуди бројни возбудувања, а како најинтересна ќе остане женската штафета 4×400 метри во која сензационално до златото стигнаа атлетичарките од Холандија.
Хероина на трката, но и на целото СП беше Фемке Бол, која на околу 150 метри пред крајот заостануваше десетина метри зад водечката Стејси Ен Вилијамс од Јамајка.
Бол се наоѓаше на третото место и успеа најпрвин да ја намали негативата, а потоа во завршните дваесетина метри најпрвин да ја мине ривалката од Велика Британија, а потоа и Вилијамс од Јамајка, за една од најспектакуларните штафетни трки во историјата на светските шампионати.
Погледнете:
“𝑳𝒐𝒐𝒌 𝒂𝒕 𝑩𝒐𝒍!” 🤯
Femke Bol comes from nowhere to win gold for Netherlands in the women’s 4x400m relay 🇳🇱 pic.twitter.com/2pFAR0dtUd
— Eurosport (@eurosport) August 27, 2023