(ВИДЕО) Разговори со Андоновски, Трајаноска, Силјан, Бужаровска и Пармаковска

Во „Трилинг“ разговараме со професорот Венко Андоновски, писател и драмски автор, Ивана Трајаноска, писателка и декан на Универзитетот Американ колеџ, писателот Раде Силјан, професорката и писателка Румена Бужаровска, како и со писателката Фросина Пармаковска.

„Го изгубивме човекот во нас“, вели проф. Венко Андоновски.

„Кога едно општество континуирано се држи и гледа наназад, неизбежно нема иднина“, изјави Ивана Трајаноска, писателка и декан на Универзитетот Американ колеџ.

„Мислам дека најмногу живееме меѓу вистина и лага. Постои самоконтрола кај писателите да не се огрешат кон одредени состојби“, смета писателот Раде Силјан.

„Дали постои македонскиот јазик? Мислам дека многу лесно паѓаме во таа стапица. Тоа секако е една политичка замка. Многу луѓе сакаат да испаѓаат патриоти, да прават политички поени“, вели професорката и писателка Румена Бужаровска.

Фото: Трилинг / Фросина Пармаковска

„Колективната преродба на преродбата на нашето општество мора да ни биде мотив за сите понатаму“, вели писателката Фросина Пармаковска.

Гледајте не на ТВ24 во 20.45ч , на youtube каналот Трилинг, како и на порталот triling.mk.