(Видео) Поповски за поразот на изборите: На СДСМ му се случи корупција

Поразот на СДСМ на парламентарните и претседателските избори не само што е голем на квантитативна смисла, на квалитативна смисла е понижувачки, вели за „Трилинг“ поранешниот министер за финансии Никола Поповски.

– Тоа е најболното, да добиете во ИЕ1 три пратеника, да добиете во ИЕ2, два пратеника…тоа се лимити кои ги поставуваат партии како ЗНАМ, Левица како свои идеални лимити. Или да добиете во ИЕ5 три пратеника. Сите тие собрани заедно, претходно ги добивавме во една ИЕ, вели Поповски.

Најсериозната причина за Поповски, според него, не се конкретни чекори, туку што во овие 5,6 години никогаш внатре не се прилагодувале на опкружувањето и на себе си.

– Како што дојдоа на власт 2016-та, владата ја формираа 2017-та горе-доле непроменети се и денес, не се прилагодија на новите услови и никогаш не анализираа од тоа што го прават, што е тоа што морате да го понесете на грб за доброто на државата и иднината, а не е добро, а што е тоа што не е добро и треба да го смените а не е добро, вели тој, додавајќи дека во СДСМ имало работи кои не се добри, но не се смениле.

Смета дека по поразот на локалните избори не се направила анализа за катастрофалниот пораз.

– Тој бран си продолжи тие воопшто не сфатија што се случува, претпоставувам и 2024 ги снајде истото, малку продлабочено, за 3 години се зголемија причините. Зошто не изанализираа, треба да се прашат самите себе. Јас имам одговор за себе, на пример на СДСМ му се случи корупција, тоа и самите го зборуваат сега. Значи СДСМ, помеѓу меѓу другото на власт дојде и со борбата против корупцијата, но со тек на време, корупцијата го зафати СДСМ и тие сериозно не седнаа да речат „2021 изгубивме избори поради корупција во партијата и државата“, откако не се справија со туѓата и си продолжија, истакнува екс министерот за финансии.