(Видео) Мамудовска: Предрасудите дека сте Ром постојат, но со труд и образование секаде се успева
Амбициозната Ромка во магазинот „Трилинг“ раскажува за нејзините предизвици - за македонското образование, за патот до успехот трасиран во својот живот.
Сибела Мамудовска, најдобра меѓу најелитните на Битолскиот Универзитет, следена од кадровските сектори од неколку компании.
Најпрво се вработила во една од банкарските филијали, но својата професионална кариера ја надоградува. Амбициозната Ромка во магазинот „Трилинг“ раскажува за нејзините предизвици – за македонското образование, за патот до успехот трасиран во својот живот.
„Неодамна бев добитничка на наградата за најдобар студент, на ниво на Универзитетот СВ. „Климент Охридски“ – Битола, што за мене е навистина поттик и понатаму да продолжам да се надоградувам, така што сега сум на завршен стадиум на постдипломски студии на истоимениот Универзитет, што секако за да се стигне до тој успех значеше бројни непроспиени ноќи и многу вложен труд, вели Мамудовска.
„Јас за мене можам да кажам дека полесно го изодев тој пат за да најдам вработување, затоа што претходно бев две години практикант во Стопанска банка – АД Скопје, во филијалата во Битола. Сметам дека тоа беше олеснителна околност за полесно да се вработам во банката, затоа што ги увидоа моите компетенциивели Мамудовска.
„Предизвиците постојат, особено кога сте припадник на ромската етничка заедници, кога треба да се вработите. Постојат низа на предрасуди и стеротипи, но јас не се соочив со таков проблем. Мене лично ми е сатисфакција да се надоградувам себеси и да продолжам со своето образование. Тоа што се надоградував во оваа држава и во текот на студиите имав поддршка од бројни организации и поединци, секако беа пресудни да останам во Македонија и да го дадам својот придонес. Едноставно, сметам дека на некој начин, чувствував и се уште чувствувам должност дека треба на некој начин да и вратам на државата во која што се градев. Тука ми е се познато, тука се родив, изразнав и сметам дека може и тука да се пронајдат можности, како што јас веќе пронајдов, додава Мамудовска, и додава дека сепак работа може да се најде и во помалите градови“, вели Мамудовска.
Целиот разговор со Сибела Мамудовска погледнете го во видеото.