Ахлам Албасир – обвинетата за трагедијата во Истанбул, била видена на безбедносните камери низ градот со чија помош полицијата успеала да ги следи нејзините движења по поставувањето на бомбата.
За бомбашкиот напад е обвинета жена која, според турските власти, признала дека била обучена од Курдистанската работничка партија (ПКК). Сиријката, која беше уапсена во неделата вечерта по експлозијата, наводно признала дека го извршила бомбашкиот напад во срцето на Истанбул.
Експлозивната направа, според информациите на турските власти, се состоела од „ТНТ со голема моќност“.
İstiklal bombacısının yeni görüntüleri https://t.co/7Jh696McO6 pic.twitter.com/dHN73mpBhl
— NTV (@ntv) November 16, 2022
Безбедносните камери од околината ја „уловиле“ како подолго време седи на клупите околу местото каде што се случила експлозијата.
На снимката што ја сподели полициската управа во Истанбул, од минута во минута се гледаат движењата на жената.
Сослушани се 50 лица, меѓу кои и самата Сиријка, која беше уапсена 10 часа по терористичкиот напад.