
Серафимовски: На која цена и ниво становите за добар живот ќе нудат квалитет
➡„После долгогодишна борба како Комора, како Здружение, како градежна фела, повторно се враќа надеж дека на нашите компании им се дава поддршка да градат големи инфраструктурни проекти. Пријатно сум изненаден, и се надевам дека ќе се прилагодиме, но и мора да кажам дека ова влева една голема надеж дека претстои иднина за градежништвото во периодот што следи.
„После долгогодишна борба како Комора, како Здружение, како градежна фела, повторно се враќа надеж дека на нашите компании им се дава поддршка да градат големи инфраструктурни проекти. Пријатно сум изненаден, и се надевам дека ќе се прилагодиме, но и мора да кажам дека ова влева една голема надеж дека претстои иднина за градежништвото во периодот што следи.
-Јас се надевам дека градежништвото кое влече корени и има традиција кај нас, ќе возврати дупло подобро од довербата што му е дадена сега“, говорејќи за одлуката на Владата на македонска градежна компанија да учествува во изградбата на капитални инфраструктурни проекти, и „Гранит“ да го доградува патот кон Блаце и Косово, Андреа Серафимовски, директор во Гранит и претседател на Здружението за градежништво при СКМ.
Околу капацитетот, ресурсите со кои располага градежната оператива, и дали се има капацитет сето ова да се менаџира, Серафимовски вели дека капацитетите се создаваат и се губат, а правилниот однос е дали ние имаме потенцијал.
„Потенцијалот наш е покажан и докажан на сите оние проекти што сме ги граделе. И кога сме работеле дома и во странство, никогаш македонска фирма не изгубила референца за одреден проект заради капацитетот што го покажува, или потенцијалот што го имала.
-Јас сметам дека имаме неискористени потенцијали, и токму со вакви големи инфраструктурни проекти каде наши компании ќе бидат вклучени како двигатели на развојот, ќе се создадат капацитетите кои се потребни за да можеме не само да сработиме за нашата држава, туку и да излеземе на странските пазари, и да внесуваме странски девизи на нашиот пазар, а не да однесуваме наши пари со доделување на тендери на странски компании“, вели Серафимовски,
„Трасата е предвидена да биде со тунели, другиот дел има голем број на мостови, вијадукти, 40 објекти од бетон што ќе треба да се изградат. Така што голем ќе биде предизвикот пред конзорциумот предводен од „Гранит“, но големо ќе биде и задоволството кога ќе се направи, кој ќе биде квалитетен проект што ќе служи на населението долги години“, вели Андреа Серафимовски, директор во Гранит и претседател на Здружението за градежништво при СКМ, говорејќи за капиталните инфраструктурни проекти.
„Последниве пет години сите констатираме и пријатно сме изненадени како индексот на цени на станови расте. Но првото тромесечје оваа година видовме дека покачувањето на индексот на цени на станови, после подолг период е 0,1%, што ми дава за право да кажеме дека почнува она што го прогнозиравме, а тоа е израмнување на побарувањето и побарувачката.
-Во периодот што следува ќе видиме колку македонските граѓани се моќни да платат за одреден стан и како на која цена ќе дојде стабилизација на цената. Ние утврдиме дека во првите три месеци од оваа година, продажбата на станови е намалена за 25% од 2025-та, што значи дека доаѓа до заситување на пазарот и периодот ќе биде многу интересен за да видиме на кое ниво ќе се стабилизира цената на продажба на станови.
-Јас сум многу заинтересиран на која цена и ниво ќе се стабилизираме. Но оние станови кои ќе нудат добар квалитет на живот, ќе бидат секогаш поскапи и нема да бидат репер за цена“, вели Серафимовски.
Целото интервју погледнете го во видеото