(Видео) Додевски: Можеби Груевски ја напушти државата заради довербата во судството од три отсто!

Обвинителите инертни, судиите без авторитет, колку адвокатите се во кругот на застарување? Намалени казни и чести одложени судења. За ваквите теми и политиката на неказнивост разговараме вечерва во „Трилинг“ со адвокатот Никола Додевски.

Адвокатот не се согласува во целост дека измените на КЗ водат кон неказнивост.

Неприкосновено право на законодавецот е да ги менува и носи законите, а судовите да ги применуваат. Измени на закон, особено овие актуелниве околу злоупотребите на КЗ, водат кон неказнивост. Апсолутно не е така. Моето лично мислење е дека кривичното дело злоупотреба на кривична положба одлично е што малку се тргна во правец на преработување, затоа што ова е кривично дело кое е празно дело во кое немате опис на дејствијата според кои вие треба да казните некој кој е обвинет за одредено кривично дело, започнува Додевски. 

Тој додава дека ваква ситуација нема да сретнете во германското законодавство. Треба поединечно да се прават овие измени.

Правдата ќе биде задоволено доколку тие што го извршуваат законот и го почитуваат.  Не можам да се изначудам на коментарите кои дури доаѓаат од судската фела. „Ова е упад во судскиот систем“ велат тие, па со кое право ги даваат тие изјави? Роковите, казните, ви ги споредувам Австрија и Германија имаат пониски рокови за застареност во споредба со измените во законот за намалување на казните и роковите кај нас, вели адвокатот Додевски.

Додевски потсетува на пресумцијата на невиност и вели дека законот води кон правна сигурност.

Непотребно и неаналитично се даваат изјави дека ова е неказнивост. Не, ова води кон правна сигурност, дециден е Додевски.

Додевски како единствен виновник за застарување на некои дела ги посочува судиите. Според него судиите не треба да имаат доживотен мандат.

Судиите се комотни заради доживотниот мандат, заклучува Додевски.

Тој одлучи да не коментира директно за екс-премиерот Никола Груевски, велејќи дека екс-премиерот требало да ги одговри прашањата за напуштањето на државата. Даде само краток коментар.

Хипотетички, можеби Груевски ја напушти државата заради (не)довербата во судството од само 3 отсто, вели Додевски.