
Утрово се запали скопската депонија „Дрисла“, граѓани стравуваат дека можно е да гори канцероген отпад, ЦУК вели пожари нема. Гори ѓубрето кое се депонира и се издига црн чад.
Од Центарот за управување со кризи (ЦУК) велат дека добиле информација оти гори депонијата, но немаат повеќе детали.
Директорот на „Дрисла“ Александар Кузинаков, не одговара на нашите телефонски повици.
Бреќевиќ од здружението „Младината на Батинци“ вели дека чадот оди кон Батинци, Драчево, Лисиче и Аеродром. Тој ги повика надлежните да проверат дали овде се пали нешто што инспекцијата не треба да го види, можеби медицински отпад.
„Луѓето се исплашени, ако продолжи да гори ќе го повикаме народот да замине кон Китка за да се спаси од канцероген чад“, вели тој во видеото.