(ВИДЕО) Герасимовски: Предвремени избори наесен, СДСМ не е целосно консолидирана

➡„Кога станува збор за крупни теми, битни за државата и нејзиниот напредок, сметам дека требаше, и треба што поскоро да се седне на заедничка маса и да се изнајде решение“, вели Герасимовски.

„Институциите како полицијата, обвинителството и судството потфрлија во случајот со Ива Михаилова, смета градоначалникот на Општина Центар и потпретседател на СДСМ.

За евроинтегративниот процес и нерешениот процес со Бугарија, Герасимовски се навраќа на неодамнешната порака на Фон дер Лајен, која вели дека треба да се реши проблемот низ директни разговори со Софија, Герасимовски смета дека ова прашање требало да се решава веќе две години, но не се гледа дека еден чекор е направен да се отпочнат преговорите додека ВМРО-ДПМНЕ е на власт.

„Од она што го гледаме ниту една земја членка на ЕУ не добила гаранција пред нивниот влез. Ние се сеќаваме на спорот помеѓу Словенија и Хрватска“, вели потпретседателот на СДСМ.

Околу „сценариото“ за формирање на широка коалиција за уставни промени и споделување на одговорноста со власта, Герасимовски вели дека за горчливи прашања за државата, и одговорноста ќе ја преземат сите политички партии.

„Кога станува збор за крупни теми, битни за државата и нејзиниот напредок, сметам дека требаше, и треба што поскоро да се седне на заедничка маса и да се изнајде решение“, вели Герасимовски.

Тој смета дека не треба да се политизираат работите кога државата е во прашање.

„Тоа е најголемата штета за Македонија“, оценува Герасимовски.

Герасимовски се осврнува и на можните предвремени избори.

„Јас лично сметам дека ќе има предвремени избори. Мислам дека ќе бидат на есен. Сѐ уште како партија не сме консолидирани целосно. Можеби делумно да, но не целосно“

Околу „Платформа 12.05“, Герасимовски смета дека тој начин на изразување на револт и незадоволство треба да се одвива во просториите на СДСМ.

„По она што го гледаме и слушаме, револтот е директно упатен кон Филипче и неговите политики“, додава Герасимовски.

Тој смета дека треба да се седне на заедничка маса и да се донесе заедничко решение.

Околу можните предвремени избори:

Целото интервју погледнете го во видеото