„Трилинг“ секоја емисија сака да даде простор на младите луѓе, а така е и вечерва кога имаме интервју со Зорана Антовска, првенец на генерација. Дипломира на Правниот факултет „Јустинијан Први“ со просек 9,76 и е дел од најдобрите студенти на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“.
32 години зборуваме за независна република, а сме далеку од независни. Дали во оваа држава каде не сме далеку од независни може да имаме право и правен систем?, започнува Антовска.
Таа вели дека вината треба да ја земеме на нашите плеќи и самите да ја преземеме одговорност.
Ако зборуваме за непотизам и корупција самите од индивидуално ниво ја поттикуваме таа корупција и непотизам. Можеби треба конечно по 32 години да го менуваме тоа по самите нас, вели Антовска.
Таа нагласува: Она што го учиме на факултет и она што се случува во реалноста е многу многу различно.
Секогаш ние немаме активна политичка јавност. Младите се или апатични или партиски внесени во целиот процес и ние немаме критична маса која недостасува.
Таа вели дека на младите во фокус им е финансиската стабилност, но овде освен тоа владеат и многу фактори, а младите од „игрите на политичарите“ им е доста. Затоа, најлесно на младите им е да си заминат надвор.