
Брегзит ја чини Британија 100 милијарди фунти годишно
Брегзит ја чини Велика Британија 100 милијарди фунти годишно (околу 124 милијарди долари) поради изгубеното производство, велат експертите и проценуваат дека британскиот БДП би бил четири отсто поголем доколку Британија останеше во ЕУ.
Ефектите од Брегзит вклучуваат сè, од деловни инвестиции до способност на компаниите да ангажираат работници, објави Блумберг на утрешната трета годишнина од излегувањето на Британија од ЕУ.
Како што се наведува, деловните инвестиции се послаби, а недостигот на работна сила е се поакутен проблем.