Босанец ги убил сопругата и децата, а потоа се самоубил

Босанец (38) во неделата по семејна расправија во Оверпелт, Белгија, ја убил својата поранешна сопруга и двете мали деца на возраст од три и една година.

Локалните медиуми јавуваат дека тој се самоубил откако го убил семејството.

Соседите слушнале бучава од станот, по што еден од нив влегол внатре и ги пронашол телата на жената и децата и повикал полиција, пренесува „Новости“.

Мажот побегнал од местото на злосторството, а полицијата со бројни патроли и хеликоптер тргнала во потрага по него. Тој бил пронајден мртов околу половина час подоцна, покрај автомобил во близина на канал.

Јавното обвинителство потврди дека се води истрага за оваа семејна трагедија и дека се работи за тројно убиство и самоубиство.

Локалните медиуми пишуваат дека семејството и е познато на полицијата бидејќи во нивниот стан деновиве неколку пати доаѓале полицајци поради семејно насилство.