
Бислимоски: Општините се обидуваат да влијаат врз цената на електричната енергија!
Марко Бислимоски – претседателот на РКЕ на тв Телма изјави дека во декември минатата година кога ја носеле одлуката за цената на електричната енергија, за потрошувачка биле предидени 3.413.000.000 киловат часови, а сега се предвидува 3.946.000.000 киловат часови.
„533.000.000 киловат часови се планира да се зголеми потребата на регулираниот пазар на електрична енергија. Тие треба да се обезбедат. Минатата година производството на ЕСМ беше лошо. За да ги задоволиме овие потреби ќе ни требаат дополнителни пари да предвидиме. Цената на ЕСМ е 43 евра за мегават час. Остануваат 333.000.000 да се обезбедат на слободен пазар. Вкупно непланирни 105.000.000 евра во кои учествуваат општините од приближно 30 милиони евра“ – изјави Бислимоски.
Тој ги повика општините да бидат инвентивни и да постават фотоволтаици на своите кровови.
„Зошто општините не ги искористат крововите, на училишта, на градинки на сите институциите што ги имаат. Зошто општините не размислуваат покрај фотоволтаци, да не постават и мали хирдоелектрани, како што имаат поставено општините Кавадарци и Битола. Потрошувачката на ниво на државата е 90.000.000 киловат часови на регулиран пазар. Општините се обидуваат да влијаат врз цената на електричната енергија“ – рече Бислимоски.