
Бензините и дизелот поскапуваат за 9 денари
Цената на бензинот од 95 октани се зголемува за 9 денари и се еден литар ќе чини 104 денари. Бензинот до 98 октани ќе може од ноќеска на полноќ ќе може да се точи за 106,5 денари за литар.
За 9 денари поскапува и дизел горивото, па сега еден литар ќе се точи за 95 денари за литар.
Корекцијата на Регулаторната комисија доаѓа откако на владина седница се донесе одлука од утре ДДВ за горивата наместо 10 да биде 18 отсто, а повеќе нема да се намалува ниту акцизата која со владините мерки во зависност од светските берзи паѓаше за 1 до 3 денари.
Како превенција од раст на цените на горивата, на почетокот на март Владата одлучи ДДВ-то за течни горива да го намали од 18 на 10 отсто, а надолна корекција имаше и кај акцизата.
Големите скокови кај цените на горивата се евидентирани од почетокот на годинава како последица од разгорувањето на руско украинскиот конфликт.