Бектеши: Сите енергетски капацитети во земјава работат со полн капацитет

Сите енергетски капацитети во земјава работат со полн капацитет, вели министерот за економија Крешник Бектеши.

-По долги години целиот енергетски капацитет во државата работи во полн капацитет за производство и снабдување со електрична енергија, истакна министерот Бектеши на тв Сител.

Во анкетата спроведена од ИПИС, од испитаниците Албанци, 47 отсто од нив сметаат дека државата е подготвена да се соочи со енергетската криза во текот на следниот период, за разлика од македонските испитаници, од кои само 28 проценти сметаат дека државата има капацитет да се соочи со енергетската криза.

Бектеши, како што е наведено во соопштението од Министерството за економија, повтори дека од 1 јануари 2023 година ќе има пониски цени на струјата за домаќинствата и малите потрошувачи.

-Вкупно 99,2 отсто домаќинства во земјава ќе имаат намалување на цената на струјата, изјави Бектеши.