„БГНЕС“: Макрон ги повика Радев и Петков поради ветото за С. Македонија!

Бугарската агенција „БГНЕС“ објави информација дека наскоро во посета на Франција, на барање на претседателот Макрон ќе одат бугарскиот претседател Румен Радев и бугарскиот премиер Кирил Петков.

Официјален Париз, според пишувањата, се очекува да го одобри предлогот на Макрон за укинување на ветото за преговорите за членство на Македонија во ЕУ.

Наводно „француското претседателство ветило дека ќе ги вклучи сите бугарски барања во преговарачката рамка и нивното спроведување ќе го гарантира самиот Макрон. Ова во пракса значи дека целосно му веруваме на Макрон, но во исто време ризикуваме да паднеме во децениски спор, бидејќи секоја од земјите-членки ќе може да блокира каква било одлука. Тоа ќе биде бесконечен спор. А ние не сакаме турска верзија“ – изјавил еден од учесниците за „БГНЕС“.

„Укинувањето на ветото беше неопходно и поради желбата на Украина да ги започне преговорите за пристапување во ЕУ. Многу лош сигнал би бил ако Украина добие покана, а Македонија и Албанија продолжат да чекаат и поради таа причина француското претседателство брза со предлогот“ – изјави еден од учесниците на почетокот на состанокот.

На крајот на коалицискиот состанок била донесена одлука во следните две недели „никој да не коментира или да заземе став за прашањето за РСМ“. За ова прашање најмногу треба да молчат претставниците на МНР, соопштува агенцијата.

Советот за национална безбедност (НАС) што го побара премиерот Кирил Петков за Македонија ќе биде свикан по неговата посета на Франција.