
Асад одобри поголем пристап на конвоите со помош на ОН во северозападниот дел на Сирија
Сирискиот претседател Башар ал Асад донесе одлука за поголем пристап до северозападна Сирија од турска страна со, и тоа, како шот се наведува, со охрабрување од Обединетите Арапски Емирати, што претставува дипломатска победа за оваа мала заливска држава која ги обнови односите со Дамаск и покрај неодобрувањето на САД.
Британските медиуми наведуваат дека ваквата одлука на претседателот Асад да им се даде поширок пристап на хуманитарните конвои на ОН кон северозападот од земјата значи промена на неговото долгогодишно противење на прекуграничниот проток на помошта во областа контролирана од бунтовниците, а во која од хуманитарна помош зависат четири милиони лица.
Улогата на ОАЕ во убедувањето на Асад сугерира дека земјата почнала да врши одредено влијание врз Дамаск, и покрај тоа што Русија и Иран, наводно, остануваат доминантни странски играчи.
И покрај тоа што ОАЕ на почетокот ги поддржуваше бунтовниците кои се борат за соборување на сирискиот претседател, во последните години Абу Даби ги обнови врските со Дамаск.
Неименуван извор близок до сириската Влада рече дека не треба да се потценува улогата на ОАЕ во разговорите со Асад, а друг извор близок до Емиратите рече дека земјата ја искористила „својата мека моќ“ врз Асад.