
Претседателот на Турција – Реџеп Таип Ердоган денеска телефонски разговараше со рускиот претседател – Владимир Путин и му порачал дека Анкара е подготвена да ја преземе улогата во „набљудувачкиот механизам“ меѓу Москва, Киев и Обединетите нации, доколку се постигне договор за него.
Ердоган на Путин му рекол дека мора да се воспостави мирот во Украина што е можно поскоро и дека мора да се преземат чекори за градење доверба.