
Муса Ахмети, внукот на Али Ахмети приведен за трговија со дрога, објави Алфа.
Како што јавува телевизијата, тој пред извесен период се вратил од Косово каде бил некое време. А по доаѓањето во Македонија бил фатен со дрога.
Телевизијата барала од МВР одговори со име и презиме, дали Кичево бил уапсен Муса Ахмети, но Министерството ги навело само иницијалите.
-На 29/30.10 2022 во времето од 19.10 часот до 00.10 часот по издадена наредба од Основен суд Кичево за вршење на претрес во дом и помошни простории, извршен е претрес во домот кај лицето М.А. (34) од село Зајас, кичевско. При претресот пронајдени се и одземени марихуана, дигитална вага со остатоци од марихуана и кокаин, четири куршуми, чинија со остатоци од кокаин. За овој кривично правен настан под сомнение за сторено кривично дело… известен е јавен обвинител од ОЈО Кичево. На 20.12 2022 ОВР Кичево поднесе кривична пријава… против М. А. од Зајас, се вели во одговорот од МВР.