
Конечната одлука дали АА влегува во Владата е препуштена на Претседателството на партијата. По 6 часа размена на различни мислења во Куманово, членовите на Собранието одлучија дека е најдобро првите луѓе на партијата да започнат со преговорите па да донесат одлука.
Таравари е решителен дека не е отворено прашањето за кадровските решенија.Тој уште пред да започне седницата истакна дека медиумските информации дека Ковачевски му испратил понуда за две министерски,заменички и неколку директорски позиции се шпекулации. Истакна дека ќе ги подржат уставните измени, и дека ке се борат против корупцијата и за правна држава ако влезат во Владата.
„Имаше плодна дискусија, имаше некои мислат дека е добро да се биде во Владата, да се покаже поинакво владеење , да се покаже какви капацитети има Алијанса на Албанците, но имаше и членови на Централното собрание кои мислеа дека треба да се продолжи во опозиција“, рече Арбен Таравари по завршување на Централното претседателство.
Зиадин Села беше избран од страна на присутното членство повторно за претседател на партиското Собрание.Избрани се и потпретседатели , пратениците Илире Даути, Елми Азири, советничката Абази Бујаре и секретари.Крајната одлука припаѓа на овој состав, владеачка или опозициска партија.
Владеачките СДСМ и ДУИ веќе истакнаа дека вратата за Алијанса е отворена. Со нејзините 8 пратеници, владеачкото мнозинство би се искачило на 72-ца, доколку во него останат Алтернатива со тројца и групата „Огнени“ со три-четворица пратеници.