Адвокатот Митровски: Возачот кој ја усмрти 11-годишната Магдалена возел со над 100 километри на час

Се огласи адвокатот Јанаки Митровски во врска со обвинението за возачот кој усмрти 11-годишно девојче во Велес.

„Како правен застапник на семејството на починатата единаесетгодишна Магдалена од Велес која беше прегазена на пешачки премин при што причинителот избега, ја искажувам мојата и разочараноста на семејството од одлуката на ОЈО Велес да не покрене постапка за кривично дело Помагање против тројцата совозачи на сторителот, како и против селаните кои го криеле сторителот“ – вели тој.

Воедно брзината од 68 километри на час која е утврдена со вешт наод и мислење за нас е дискутабилна бидејќи родителите се сведоци дека сторителот возел со брзина од над 100 km/h во зона во која е дозволено 30km/h.

„Како предметот е се уште во фаза во која може да трпи измени и проширување, апелираме и очекуваме ОЈО Велес да постапи во правец на обвиниување и на совозачите( кои не даваа инфомрација за тоа кој е сторител) и за селаните кои со денови го криеле сторителот“ вели адвокатот Митровски.