Филипче од Ваташа: Политиките на омраза и поделби водат кон трагедии
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, денеска присуствуваше на одбележувањето на 83-годишнината од масакрот на младинците во Ваташа, каде порача дека трагичниот настан е потсетник за последиците од политиките на омраза и поделби.

„Денеска присуствуваме на одбележувањето на 83-годишнината од масакрот, убиството на младинците тука во Ваташа од страна на бугарскиот окупатор. Ова нѐ учи дека политиките на омраза и на поделба единствено до што водат се трагедии“, изјави Филипче.
Тој нагласи дека современите општества имаат обврска да ги зајакнуваат демократијата, владеењето на правото и вредностите што произлегле од искуствата и ужасите на Втората светска војна.