
Турските метеоролози предупредуваат на „пустински горештини“ со температури над 40 степени
Турските метеоролози предупредија дека во следните три дена земјата ќе биде зафатена од „пустински горештини“, при што температурите во некои провинции ќе надминат 40 степени Целзиусови.
Турските метеоролози предупредија дека во следните три дена земјата ќе биде зафатена од „пустински горештини“, при што температурите во некои провинции ќе надминат 40 степени Целзиусови.
Најтопло ќе биде во регионите долж Егејското и Средоземното Море. Според прогнозите, утре во Ајдин, во југозападниот дел на земјата, температурата ќе достигне 41 степен, додека в среда истата температура се очекува и во Анталија.
На одделни места температурите би можеле да достигнат и до 45 степени во сенка.
Во централниот дел на Турција, каде што се наоѓа главниот град Анкара, температурата во наредните денови ќе биде околу 35 степени, додека во Истанбул се очекуваат околу 33 степени.
Од среда натаму се очекува благо освежување, особено во регионот на Мраморното Море, но и појава на грмежи и локални невремиња.
Метеоролозите повторно апелираат граѓаните да внесуваат повеќе течности и да избегнуваат подолг престој на отворено во најтоплиот дел од денот.
Слично предупредување за тридневен топлотен бран вчера издадоа и грчките власти.