Собранието на Косово го реизбра Албин Курти за премиер

Откако Курти ја презентираше програмата на новата влада, речиси идентична со онаа на претходната од февруари годинава, за прв вицепремиер и министер за надворешни работи и дијаспора беше избран Гљаук Коњуфца, втор вицепремиер и министер за правда е Доника Гервала, додека трет вицепремиер за прашања на малцинствата и соработка е Фикрим Дамка.

Собранието на Косово денес со 62 гласа го реизбра Албин Курти за премиер.

Откако Курти ја презентираше програмата на новата влада, речиси идентична со онаа на претходната од февруари годинава, за прв вицепремиер и министер за надворешни работи и дијаспора беше избран Гљаук Коњуфца, втор вицепремиер и министер за правда е Доника Гервала, додека трет вицепремиер за прашања на малцинствата и соработка е Фикрим Дамка.

Хекуран Мурати беше избран за министер за финансии, Андин Хоти за министер за труд, семејство и вредности од Ослободителната војна, додека Ејуп Македончи за министер за одбрана.

Џељ Свечља беше избран за министер за внатрешни работи, Љуљзон Јагџиу за министер за јавна администрација и дигитализација, а Арбен Витија за министер за здравство.

Хајрула Чеку беше избран за министер за образование и наука, Саранда Бугујевци за министер за култура и туризам, а Блерим Гашани за министер за спорт и млади.

Ељберт Красниќи беше избран за министер за локална самоуправа, Фиторе Пацоли за министерка за животна средина и просторно планирање, а Арменд Муја за министер за земјоделство, шумарство и рурален развој.

Министер за инфраструктура и транспорт е Димал Баша, министерка за индустрија, претприемништво, трговија и иновации е Мимоза Кусари-Лила, министерка за економија е Артане Ризваноли, министер за заедници и враќање е Ненад Рашиќ и министер за регионален развој е Расим Демири.