
СЕММ ќе ги награди најдобрите новинарски трудови за факти и дезинформации за климатските промени
СЕММ, во соработка со УНЕСКО, традиционално ги доделува наградите во пресрет на Светскиот ден на слободата на медиумите – 3 Мај, со цел да се охрабри слободното, одговорно и етичко новинарство и да се укаже на значењето на правото на јавноста на навремено и точно информирање.
Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ) денеска ќе ги додели наградите за најдобри новинарски стории на тема „Факти и дезинформации за климатските промени“, објавени во периодот од мај 2025 до април 2026 година.
СЕММ, во соработка со УНЕСКО, традиционално ги доделува наградите во пресрет на Светскиот ден на слободата на медиумите – 3 Мај, со цел да се охрабри слободното, одговорно и етичко новинарство и да се укаже на значењето на правото на јавноста на навремено и точно информирање.
Темата на наградите, трета година по ред, е насочена кон заштитата на животната средина, со фокус на разобличување дезинформации поврзани со климатските промени и подигање на јавната свест за ризиците од загадувањето на воздухот, водата и почвата, како и за еколошките „црни точки“ во земјава.
На настанот што ќе се одржи со почеток во 11 часот во Европска куќа – Скопје ќе се обратат претставници на Делегацијата на Европската Унија, на Советот за етика во медиумите, членови на жирито, како и новинари – добитници на наградите.
Наградите се дел од проектот „Градење доверба во медиумите на Југоисточна Европа: Поддршка на новинарството како општо добро“, кој е поддржан од УНЕСКО и од Европската Унија.