Филипче: Гордана Димитриеска Кочоска да си поднесе оставка, лаже за Алта банка!
„Гордана Димитриеска Кочоска да си поднесе оставка, лаже за Алта банка! ОЈО веднаш да отвори истрага и за Христијан Мицкоски и за Кочоска, да се вклучи и Европското обвинителство за да се провери текот на сите пари за Алта банка“, порача Филипче.
Претседателот на СДСМ – Венко Филипче, објави Записник од седницата на Владата од 23 септември 2025 година, во кој се содржани заклучоци поврзани со понудата за преземање акции од „Алта банка“ АД Белград, донесени на предлог на министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска.
Филипче побара нејзина оставка, итна истрага од Јавното обвинителство и вклучување на Европското обвинителство за проверка на текот на парите поврзани со Алта банка – стои во соопштението на СДСМ.