
Саудиска Арабија – Уругвај 1:1. Четири екипи со еден бод во Групата Х
Саудиска Арабија и Уругвај одиграа нерешено 1:1 во вториот натпревар од првото коло од Групата Х на Светското првенство. По нерешениот резултат помеѓу Шпанија и Зелено’ртските Острови, бодовите беа поделени и на овој натпревар, и сега сите екипи во групата имаат по еден бод. Абдулелах Ал-Амри им донесе водство на Саудијците, додека Максимилијано Араухо израмни за Уругвај.
Саудиска Арабија и Уругвај одиграа нерешено 1:1 во вториот натпревар од првото коло од Групата Х на Светското првенство. По нерешениот резултат помеѓу Шпанија и Зелено’ртските Острови, бодовите беа поделени и на овој натпревар, и сега сите екипи во групата имаат по еден бод. Абдулелах Ал-Амри им донесе водство на Саудијците, додека Максимилијано Араухо израмни за Уругвај.
Натпреварот во Мајами започна со мало задоцнување, а првата закана ја упати Уругвај во 5-тата минута преку Араухо, но неговиот удар беше одбранет од саудискиот голман. После тоа, следеше потивок период од играта, а поради жештината, првата пауза за освежување беше свикана во 23-тата минута. Уругвај повторно се закани во 30-тата минута, кога Федерико Винас со глава ја упати топката кох голот, а Мохамед Ал-Оваис се истакна со одлична интервенција.
Саудијците ја имаа најдобрата шанса во тој дел од играта. Во 38-та минута, по корнер, Абдулелах Ал-Амри шутираше, но Фернандо Муслера успеа да одбрани. Само две минути подоцна, Саудиска Арабија поведе. Повторно по корнер, Муслера го одбрани првиот обид, но Ал-Амри истрча до одбиената топка и ја смести во мрежата за 1:0. Стрелецот на голот до крајот на полувремето заработи и жолт картон.
Селекторот на Уругвај, Марсело Биелса, на полувремето ги внесе Хуан Санабрија и Агустин Каноби наместо Вина и Дарвин Нуњез, а неговиот тим тргна кон израмнување од почетокот на второто полувреме. Веќе во 47-та минута, Ал-Оваис мораше да реагира, а притисокот на Уругвај продолжи.
Во 61-та минута, Мануел Угарте со силен удар ја погоди стативата, а шест минути подоцна, ѕвездата на Реал, Федерико Валверде, опасно се закани од слободен удар, но саудискиот голман повторно беше на висина на задачата. Упорноста на Уругвајците се исплатеше во 80-та минута. По еден центаршут, Винас ја испрати топката со глава во мрежата, а Араухо истрча по одбиената топка и постигна гол за резултат од 1-1.
Веднаш по голот, стрелецот Араухо беше заменет, а во игра влезе Брајан Родригез. Уругвај се обидуваше да го сврти натпреварот до крајот, но саудиската одбрана, предводена од фантастичниот голман Ал-Оваис, кој одбрани уште еден силен удар на Валверде во судиското продолжение, го издржа притисокот.