
Рама: Протестите во Албанија се водени од странство
Албанскиот премиер Еди Рама, реагираше по протестот на студентите во Тирана, тврдејќи дека во нивната организација се вмешани надворешни фактори.
Албанскиот премиер Еди Рама, реагираше по протестот на студентите во Тирана, тврдејќи дека во нивната организација се вмешани надворешни фактори.
Според Рама, протестот се оддалечил од првичната цел и повеќе не ги претставува реалните грижи на студентите. Тој се обрати јавно со еден од запалените објекти во центарот на Тирана во заднина и обвини дека зад случувањата не стојат студентите и дека оние што се кријат зад овој хаос ги загрозуваат животите на малолетниците, маскирајќи ги и поттикнувајќи ги на насилство и уништување.
„Ова нема никаква врска со студентите, целиот овој оган не е студентски. Целото ова заложништво со маски нема никаква врска со грижите, проблемите и аспирациите на секој што сака да биде подобар. Тоа е истата рака што ја фатила за грло албанската опозиција. Рака што е подготвена повторно да ја запали и уништи Албанија. Овие не се студенти. Ниту оние што во текот на денот го држат градот како заложник се студенти, ниту, пак, оние што навечер го проповедаат студентското движење, борба и бунт имаат нешто со вас. Како може малолетници да се изнесуваат на улица? Како може малолетници да се поттикнуваат да ставаат маски, да ги откорнуваат тротоарите што секојдневно се одржуваат со вашите даноци и да ја напаѓаат полицијата? Како може да се загрозуваат животите на малолетниците со нивно изнесување на улица во интерес на туѓи агенти?“, изјави Рама.
Сепак, Рама призна дека студентите и граѓаните имаат право да бараат подобри услови и решенија за своите проблеми.