
Четворицата осомничени за двете убиства во Ѓорче Петеов, добија нов притвор, овој пат во траење од 30 дена. На осомничените досега, во два наврати им беше продолжуван притворот по 48 часа.
-Во однос на убиствата во Ѓорче, за кои беа осомничени 4 лица кои беа во 48 часовен притвор, денеска им е продолжен за 30 дена, информираат од Кривичниот суд.
Во врска со случајот, на 28 октомври Министерството за внатрешни работи соопшти дека биле лишени од слобода четири лица – А.С. (22), Х.Е. (20), К.А. (58), сите од Скопје, и М.Р. (26) од Струмица, кои се сомничат за две кривични дела „разбојништво“ со последица смрт, извршени на 22 октомври во Хром и на 27 октомври во Ѓорче Петров.
Жртвите се 62-годишен маж и 76-годишна жена и тоа во рок од 5 дена беа најдени мртви во нивните домови.
Од МВР тогаш информираа дека приведувањата биле реализирани во координација со ОЈО Скопје и по издадени наредби од обвинителството, со цел обезбедување и комплетирање на доказниот материјал за натамошната постапка.