Михаела Доцова е новата претседателка на парламентот во Бугарија

Со 188 гласа „за“, д-р Михаела Доцова од Прогресивна Бугарија е избрана за претседателка на бугарскиот парламент, јавуваат бугарските медиуми.

Со 188 гласа „за“, д-р Михаела Доцова од Прогресивна Бугарија е избрана за претседателка на бугарскиот парламент, јавуваат бугарските медиуми.

Таа на оваа функција доаѓа како докажан експерт со богато искуство во јавната администрација и правните науки.

– Денес, повеќе од кога било, на Бугарија ѝ е потребно не само одржливо управување, туку и обновување на државноста – рече Доцова во својот прв говор од парламентарната говорница.

Во својот говор, таа ја нагласи улогата на парламентарците и долгорочната природа на политичките одлуки.

– Да се ​​потсетиме дека парламентарците не се тука за да служат на краткиот хоризонт на денот, туку на долгиот хоризонт на републиката. Историјата го памети конструктивното – рече Доцова.

Како прва меѓу еднаквите, таа повика на враќање на владеењето на правото. Д-р Доцова изјави дека како претседател ќе го почитува достоинството на Народното собрание и квалитетот на законодавниот процес.

Изборот на Михаела Доцова (42) е оценет како знак за враќање кон експертските корени на институцијата.

Во Бугарија пред две недели се одржаа осмите по ред парламентарни избори во период од пет години на кои коалицијата Прогресивна Бугарија предводена од Румен Радев освои 44,69 отсто од гласовите.