Интернет користат 93,7 проценти од граѓаните на Македонија, најмногу за телефонски и видео повици

Во првото тримесечје од 2026 година, 93,7 проценти од вкупното население во земјава на возраст од 15 до 74 години користеле интернет, покажуваат податоците за користењето на информациско-комуникациските технологии (ИКТ) во домаќинствата и од поединците на Државниот завод за статистика.

Во истиот период, 91,2 проценти од домаќинствата имале пристап до интернет од дома.

Податоците укажуваат на широко распространета употреба на интернетот и дигиталните услуги во секојдневниот живот на населението, како и на висок степен на пристап до интернет во македонските домаќинства.

Интернет неколкупати во текот на денот користеле 81,2 проценти од населението, а исто толкав процент, нарачале или купиле стоки или услуги преку интернет во последните 12 месеци

Во користењето на ИКТ најголемо учество од 93,5 проценти има телефонирањето преку интернет и видеоповиците (преку веб-камера и употреба на апликации како Skype, FaceTime, Messenger, WhatsApp, Viber и Snapchat).

Најголемо учество од 88.4 % има размената на пораки, главно преку Skype, Messenger, WhatsApp и Viber.