Зеленски: Украинските напади резултираа со криза на рускиот пазар на горива

Нападите на украинските вооружени сили врз 15 руски рафинерии извршени во текот на оваа година резултирале со криза на рускиот пазар на горива, изјави украинскиот претседател, Володимир Зеленски.

Нападите на украинските вооружени сили врз 15 руски рафинерии извршени во текот на оваа година резултирале со криза на рускиот пазар на горива, изјави украинскиот претседател, Володимир Зеленски.

Во своето редовно вечерно обраќање, Зеленски наведе дека „планот за долгорочни санкции“ се спроведува чекор по чекор и дека нападите имале значително влијание врз руската енергетска инфраструктура.

Тој додаде дека околу 40 отсто од примарниот капацитет за преработка на нафта во Русија од мај е надвор од употреба, за што како потврда ги посочи воведените мерки од Москва за ограничувања за извоз на авионско гориво и бензин, а се разгледува и забрана за извоз на дизел.

Зеленски оцени дека последиците од тие напади се одразуваат и врз снабдувањето со гориво во повеќе региони под руска контрола, вклучувајќи го тука и Крим, кој веќе се соочува со недостиг и ограничувања.

Тој додаде дека украинските сили сега се способни да ја погодуваат руската воена логистика на речиси целата длабочина на привремено окупираните територии.