Два, три, четири часа… се чека за влез во Грција

Веројатно ова лето ќе биде вистинска голгота за оние што ќе одлучат да одат на одмор во Грција. Овој викенд, прв по завршувањето на наставата во училиштата, го соочи македонските, српските и други патници надвор од ЕУ дека новиот систем за влез во Унијата ќе предизвика многу главоболки, нервози и ќе бара уште поголемо трпение.

Патници преку социјалните мрежи информираат дека чекаат по два, три, четири часа за влез во Грција на преминот Евзони во Грција. Дека колоната во Дојран е долга еден километар. Малку полабаво е на Меџитлија кај Битола.

Освен трпение, на возачите им треба и добро планирање на времето, а и вода за полесно да го поднесат жешкото сонце.