
Микробиологот д-р Никола Пановски вели дека во Гостивар има епидемија на гастроентеритис. Тој на Фејсбук упати критики до епидемиолошките служби поради непостапување во ситуација со голем број заболени.
„Во Гостивар има епидемија на гастроентеритис. 1.500 регистрирани со исти симптоми и најмалку уште 5.000 кои не се јавиле на лекар. Во еден град оболеле 30% од населението од иста болест и нема услови за прогласување на епидемија!!!. Епа браво. Епидемиолози каде сте, ова не е политика, ова е ваша должност да реагирате“ пишува д-р Пановски.
Надлежните институции денеска продолжија со истрагата за причините за масовните стомачни тегоби во Гостивар.
Сè чекаат конечните лабораториски анализи кои треба да покажат дали причината е поврзана со водата за пиење.