Грција го поздравува потпишувањето на договорот САД – Иран и ја истакнува важноста на обновувањето на слободата на пловидба
Го поздравуваме потпишувањето на Меморандумот за разбирање од Исламабад меѓу Соединетите Американски Држави и Иран. Ова претставува значајна можност за обнова на регионалната стабилност и зајакнување на светската економија, посочи портпаролката на грчкото МНР, Лана Зохиу на денешниот редовен брифинг со новинарите и паралелно истакна дека она што е важно е да се обнови слободата на пловидба, јави дописничката на МИА од Атина.

Зохиу рече дека „ова е особено важна дипломатска разврска“ и додаде дека следниот чекор е завршување на преговорите за поединечните аспекти на договорот и обезбедување негова брза, целосна и ефикасна примена.
– Главна грижа е безусловното обновување на слободата на пловидба во Ормуската Теснина, како и продолжување на напорите за воспоставување одржлив мир, безбедност и регионална стабилност, посочи портпаролката на грчкото МНР.
На новинарско прашање за тоа дали Атина е подготвена директно да учествува во спроведување на овој договор, со евентуално испраќање бродови, Зохиу нагласи дека апсолутен приоритет за Грција се отворањето на Ормуската Теснина и безусловното обновување на слободата на пловидба.
– Грција, како што знаете, ја поддржува француско-британската иницијатива и настојува во неа да има активна улога. Во секој случај, како што знаете и од заедничката изјава од 14 јуни, кон која се приклучи и Грција, јасно се наведува дека таквата мисија ќе има цел да ја гарантира слободата на пловидба и ќе има исклучиво одбранбен карактер, ќе биде активирана кога условите ќе го дозволат тоа, секако во целосна соработка со инволвираните страни, рече Зохиу, објаснувајќи дека за оперативните прашања надлежно е Министерство за национална одбрана.