
Гостивар: Дел од истрагата е насочена и кон тендерите за набавка на хлор распишани пред јавноста да дознае за епидемијата
Меѓу документите што се анализираат се финансиската документација од Општина Гостивар, тендерите за набавка на хлор распишани пред јавноста да биде информирана за епидемијата, наредбите и комуникацијата меѓу Општината и ЈП „Комуналец“, како и извештаите на Центарот за јавно здравје – Тетово, особено оние од 29 јуни и 13 јули.
Меѓу документите што се анализираат се финансиската документација од Општина Гостивар, тендерите за набавка на хлор распишани пред јавноста да биде информирана за епидемијата, наредбите и комуникацијата меѓу Општината и ЈП „Комуналец“, како и извештаите на Центарот за јавно здравје – Тетово, особено оние од 29 јуни и 13 јули.
„Издадени се наредби за прибирање обемна документација од Општина Гостивар, ЈП ‘Комуналец’, гостиварската болница ‘Д-р Ферид Мурад’ и ЦЈЗ – Тетово. Дел од истрагата е насочен кон финансиските извештаи и тендерите, а друг дел кон наредбите и одлуките за поставување на водните пумпи, кои исто така се предмет на вештачење“, наведува извор од истрагата за ТВ24.
Министерот за здравство Сашо Клековски во интервју за ТВ24 изјави дека ќе се испитува и дали имало обид случајот да биде прикриен.
Паралелно со оваа истрага се води и друга, поврзана со смртта на вработен во гостиварскиот водовод, кој загинал во канал десет дена пред спорните пумпи да бидат пуштени во употреба. Се очекува официјалниот обдукциски наод, иако според Обвинителството првичната причина за смртта е срцев удар.
Досега осомничени се три лица – Артана Асани, Леон Уредини и Вадедин Дервиши, сите на раководни позиции во ЈП „Комуналец“, на кои им е определен 30-дневен притвор. Од Основното јавно обвинителство Гостивар посочуваат дека истрагата може да биде проширена и на други лица доколку се обезбедат дополнителни докази.
Големата количина на хлор која била ставена во водоводната мрежа за питка вода, а беше потврдена и од резултатите од испитувањата на Институт за јавно здравје, била една од причините да се наруши здравјето на граѓаните.
„Водата од чешмите кај крајните корисници не покажала присуство на бактерии, но имала зголемено ниво на хлор над дозволените граници. Анализата откри дека водата е силно загадена оти има околу 48 пати повеќе колиформни бактерии од максимално дозволеното, а хлор 2,2 пати над максимално дозволената вредност од 0,5 мг/л, односно 3,7 до 5,5 пати над препорачаниот опсег од 0,2–0,3 мг/л утврден со важечкиот правилник“, се вели во Анализите од Институтот за јавно здравје кои покажаа присуство на колиформни и фекални бактерии во водата земена од каналот и од преливната станица, а високи количини на хлор кај крајните корисници.
Дека тестирањето на пумпите изведено на 25 јуни, барем како што тврдеше сега уапсената директорка на Комуналец, Артана Асани, направило поголема штета и истата тимот на претпријатието сакал да исправи, покажува и една од јавните набавки на ЈП Комуналец објавена на Бирото за јавни набавки на 15 јули.
Само еден ден пред Обвинителството да побара примероци од водата, јавното претпријатие Комуналец од Гостивар објавило огласи за две итни активности – набавка на хлор и вонредна анализа на водата.
Документите објавени од Бирото за јавни набавки покажуваат дека на 15 јули, гостиварското јавно претпријатие „Комуналец“ објавило оглас за јавна набавка на гасен хлор. Тоа е хлор во гасовита состојба што се користи најчесто за дезинфекција на водата – за уништување на бактерии, вируси и други микроорганизми во состемите за водоснабдување. Според огласот којшто е сеуште активен, се бара набавка на 3,6 тони хлор.