
Политиката во Србија повеќе нема да ја води само еден човек, вели носителот на Студентска листа
Носителот на студентската листа „Студентите победуваат“ проф. д-р Илија Срдановиќ, дел од своите први интервјуа и изјави по вчерашната убедлива победа на предвремените парламентарни избори во Србија ги даде за дел од хрватските медиуми. Одговараше на прашање поврзани со првите потези што новата политичка сила од апсолутно мнозинство во српскиот парламент ќе ги преземе, како и за односите со соседните земји.
Носителот на студентската листа „Студентите победуваат“ проф. д-р Илија Срдановиќ, дел од своите први интервјуа и изјави по вчерашната убедлива победа на предвремените парламентарни избори во Србија ги даде за дел од хрватските медиуми. Одговараше на прашање поврзани со првите потези што новата политичка сила од апсолутно мнозинство во српскиот парламент ќе ги преземе, како и за односите со соседните земји.
Се надевам дека досегашната власт ќе го почитува законот
„Ние имаме дефинирано како се врши предавањето на власта во однос на она што е напишано во Уставот и законите кои тоа го пропишуваат. Искрено се надевам дека претходната техничка влада во својот технички мандат ќе го испочитува сето она што е до неа, како и целиот процес што нè очекува, а тоа се изборите за претседател на Србија. Колку долго ќе трае ќе зависи од тоа колку законот ќе се почитува од техничкиот мандат на сегашната влада“, рече Срдановиќ.
На забелешката на новинарот дека вчера многумина биле изненадени признавањето на поразот од страна на поранешниот српски претседател Александар Вучиќ, кој беше носител на листата „Обединета Србија“ на парламентарните избори, Срдановиќ кажа оти сега не би зборувал за, како што рече, човекот што создаде мрачен период во српската историја.
Вели дека Студенстката листа ќе создаде посветла иднина за Србија.
Носителот на Студентската листа „Студентите победуваат“, посочува дека од сега политиката во Србија нема да ја води еден човек, туку владата на земјата. Ова тој го кажа одговарајќи на прашање за идеологијата што ја застапува Студентската листа и прашањето за односите со Хрватска, кои, како што вели репортерот, биле теми што претставниците на листата ги избегнувале во текот на изборната кампања. Во однос на овие прашања, Срдановиќ најавува промени.
„Ова повеќе нема да биде политика на еден човек, човек кој скара две очи во главата, а камоли на два народа кои треба да живеат во добрососедски односи. Идната политика ќе ја води Владата на Република Србија, а не еден човек, и ќе се земат предвид најдобрите интереси и на граѓаните на Србија и благосостојбата на меѓудржавните односи, каде што ќе се стремиме да создадеме најдобри можни меѓудржавни односи во интерес на нашите граѓани пред сè, но и на граѓаните кои живеат во нашата непосредна околина. Хрватска тука нема да има никаков друг статус освен добрососедски односи“, вели тој.
Потребен е отворен дијалог во општеството
Во однос на надворешната политика и каде ќе гледа компасот на Србија сега, кон Русија или кон Европа, бидејќи меѓу кандидатите на самата Студентска листа има луѓе со различни мислења, Срдановиќ вели дека внатрешната политика на земјата бил клучот кој довел до промена на власта.
За секој следен чекор, посочува тој, пред сè мора да се создаде отворен дијалог во општеството, а тој, додава, ќе се појави во моментот кога ќе се воспостави владеење на правото и еднаквост.
„Каде што сите субјекти, сите граѓани на Србија, ќе можат да судат при креирањето на политиката. Ќе го направиме најдобриот чекор напред во интерес на нашите граѓани. Ќе направиме сѐ што е во наша моќ да се осигураме дека тоа се темели на демократските принципи, како фундаментални вредности на секоја цивилизирана и европска држава“, заклучува носителот на Студентската листа „Студентите победуваат“,
Илија Срдановиќ.