Претседателката на Основниот суд Куманово, Снежана Манев, подолго време ги навредувала на лична и национална основа вработените во судската администрација, обвини Синдикатот на работниците од управата, правосудните органи и здруженијата на граѓани (УПОЗ). Претседателот Трпе Деаноски денеска на прес-конферанција побара оставка поради мобинг на вработените, пренесе СДК.
Од 90 вработени во судската администарција 75 ја потпишале преставката против претседателката. Тие службеници за време на паузата излегоа пред судот за да го изразат своето незадоволство од атмосферата и условите во кои работат.
„Говеда, џукели, глупи сте, ништо не знаете, ќе ве запалам, ќе ве ставам под нозе, прво ќе те умрам па ќе напуштам работа, вие од овој суд може да заминете само со брза помош, а пцостите кои ги упатува кон вработените мене лично ми е срам да ги изговорам. Вакви зборови секојдневно се упатуваат до вработените во судот и тоа најчесто пред странки и граѓани. Тоа се само дел од навредите кои секојдневно ги трпат вработените, а ги навредува и по верска и национална основа. Истото е евидентирано и во извештајот на Судскиот совет во 2023 година, односно дека претсдателот на Основниот суд Куманово во голема мера ги има нарушено меѓучовечките односи во судот“, изјави Деаноски.
Тој вели дека вработените неколкупати досега се обраќале до Судскиот совет и Министертсвото за правда, но немало реакција. Единствено, двајца претставници од Судскиот совет дошле да проверат дали потписите на вработените са автентични, но не и да преземат нешто за однесувањето на претсадателката.