Унгарец се обиде во две торби да внесе 200.000 евра во Македонија

Спречен обид за нелегално внесување на непријавени девизи во висина од 200 илјади евра, откако унгарски државјанин на влез во државава, на граничниот премин Табановце, спротивно на закон не ги пријавил кај царинските службеници.

Поради постоење сомнеж, возилото било селектирано за контрола и извршен е детален преглед при што помеѓу менувачот во ташна била пронајдена црна платнена торбичка со девизни средства во вкупен износ од 65.000 евра. При понатамошниот преглед во ранец кој се наоѓал на задното седиште била пронајдена мала црна торбичка која била покриена со компјутер во која имало 37.650 евра.

Во куфер кој исто така се наоѓал на задното седиште, помеѓу гардеробата била пронајдена уште една црна торбичка со 97.350 евра, информираат од Царина.

Од вкупно пронајдените непријавени парични средства во износ од 200.000 евра на патникот му се вратени 10.000 евра согласно Законот за девизно работење, додека останатите 190.000 евра се задржани со Потврда за задржани средства.