
(ВИДЕО) Ултрамаратонецот Манев: Наредната цел ми е над 500 километри
➡Физички активно за оваа трка се подготвував некои четири месеци. Кога се ставам во припреми за една таква трка за еден ултрамаратон, буквално се посветувам на неа, и тие три-четири месеци се еден малку поразличен начин на живот од вообичаеното. ➡Најтешки се првите 100 километри. Доколку ги пребродите првите 100 километри и влезете во тој барабан - нема назад и во ниту еден момент не сум размислил дека ќе се откажам. Нормално за тоа е пресудна моменталната физичка подготвеност. Сум немал некакви проблеми, повреди, па цело време гледам само наред, вели Манев. ➡Јас реков дека овде не застанувам. Уште сега имам некои планови за следната година и да ја поминам оваа граница. Размислувам да одам на нешто над 500 километри. Сѐ уште немам дефинирано, меѓутоа дефинитивно ќе биде над 500 километри, посочи Манев.➡Околу тоа колку се инвестира или колку се препознаваат успешните спортисти денеска, и во индивидуална и во екипно натпреварување, Манев вели релативно малку.
„Мој личен предизвик е секогаш да направам нешто повеќе, нешто поразлично, нешто со кое што можам да ги надминувам човечките граници. Предизвик ми беше да настапам, да бидам некој што поминал ваква делница, прв од Македонија. Но тука и нема да застанувам“ изјави во „Трилинг“ ултрамаратонецот Тони Манев, говорејќи за предизвикот да се трчаат 400 километри по швајцарските Алпи.
„Завршив на 161 место, имаше околу 400 пријавени, но другиот дел не ја финишираа трката. Условите беа такви – уште првиот ден дожд, ладно, многу елевација уште во првиот ден, така што уште на првата дебата доста се откажаа“, додава Манев.
Околу тоа колку време му требало кондиционо, психички и физички да се подготви за потоа да се одлучи да настапи на овој ултра маратон Манев вели дека психички се подготвува преку целата година.

„Тука мора да си сконцентриран на сето тоа. Физички активно за оваа трка се подготвував некои четири месеци. Кога се ставам во припреми за една таква трка за еден ултрамаратон, буквално се посветувам на неа, и тие три-четири месеци се еден малку поразличен начин на живот од вообичаеното“, вели Манев.
За тоа кој за што решава кога ќе тргнете во ноќните часови, бидејќи оваа трка траела со денови, Манев вели дека она што е во главата е најпресудно за овие трки.
„Треба да знаете кога да продолжите, дали ви треба одмор и кога ви треба одмор, а нормално е дека треба. Првата ноќ уште е присутен адреналинот, пробуваме да спиеме но не е возможно. Втората ноќ 15 минути спиење. Кога ќе си направам пресметка некои 8 до 9 часа спиење во тие 5-6 ноќи“, изјави Манев.
„Најтешки се првите 100 километри. Доколку ги пребродите првите 100 километри и влезете во тој барабан – нема назад и во ниту еден момент не сум размислил дека ќе се откажам. Нормално за тоа е пресудна моменталната физичка подготвеност. Сум немал некакви проблеми, повреди, па цело време гледам само наред“, вели Манев.
Говорејќи што се случува во тие моменти со телото, нозете, умот, Манев вели дека телото веќе после после 150 километри веќе вие не го осеќате. Едноставно ги немате проблемите, бидејќи тоа е во некоја друга фаза и не осеќате болки. Умот е тука чисто само да ме води напред, бидејќи сум тргнал со таа цел. Едноставно не мислам на нешто друго. На фамилијата заборавам. Фокусиран сум да одам само напред.
Околу тоа како успеал да се квалификува на овој ултрамаратон, Манев вели дека има пререгистрација на која треба да докажете дека претходно сте настапувале на долга трка.
„Поднесувате и барање, тие го разгледуваат и одлучуваат дали може да влезете. Јас во позадина имам доста вакви трки, па кај мене не е проблем“, изјави Манев.
Тој има трчано и во Македонија, Словенија, Норвешка, Швајцарија и вели дека ќе ја тестира границата на издржливост.
„Јас реков дека овде не застанувам. Уште сега имам некои планови за следната година и да ја поминам оваа граница. Размислувам да одам на нешто над 500 километри. Сѐ уште немам дефинирано, меѓутоа дефинитивно ќе биде над 500 километри“, посочи Манев.
За тоа кој го бодреше тие денови, Манев вели дека тука се фамилијата, пријателите.
„На таа планина, на Алпите, немам никој во моментот кој да ме бодри, меѓутоа секогаш велам дека кога ми е најтешко, знам да извадам телефон и доволно ми е само да погледнам колку СМС пораки имам со поддршка. Тука е моментот којшто ми дава огромна сила за само напред“, вели Манев.
Осврнувајќи се на тоа како неговите најблиски и фамилијата ја прифатиле одлуката кога им соопштил, Манев вели дека секогаш на почетокот се зборовите „нели ти е доста“.
„Но ме знаат дека сум таков што сака секогаш повеќе и додека можам ќе си дозволам. Прифаќаат и имам поддршка и од фамилијата и од пријателите“, вели Манев.
Тој додава дека се труди никогаш да не мисли на можни црни сценарија.

„Се трудам никогаш да не мислам на тоа. Кога почнува умот да мисли на такви работи, тогаш се случуваат проблемите. Еве ќе кажам на една трка на 100 километри на Галичица во Охрид, почна да ми се врти во главата каде живееше балканскиот рис. А бев сам во ноќта. Се сопнав, паднав и се повредив. Буквално такви мисли можат да ви направат поголем проблем. Значи тие мисли мора да се оттргнат и да мислиме само позитивно. Можам да го контролирам умот да не мислам на такви работи. Еве гледам дека има провалија, но во тој момент мислите мора да се на друга страна“, вели Манев.
Ултрамаратонецот изјави дека некако успева да го контролира адреналинот.
„На овие ултрамаратонски трки се трудам се трудам секогаш да најдам некои од другите ултраши, да не бидам сам, па со некој што е со мои квалитети да се движиме заедно, да има некоја комуникација кога ќе ви е тешко. На пример од Франција имаше еден натпреварувач, почна нешто да збори. Го прашувам нешто, он ми вика ‘не не јас сам си зборам, не ми замерувај’. Значи почнуваат тие некои халуцинации, сами да си зборувате, меѓутоа не сум дошол до таква точка да почнам сам да си зборам“, вели Манев.
Околу тоа колку се инвестира или колку се препознаваат успешните спортисти денеска, и во индивидуална и во екипно натпреварување, Манев вели релативно малку.
„Особено во овој спорт којшто можеби не е толку познат. Јас верувам дека поголемиот дел од публиката и не знаат дека има некој што се занимава со ова. Малку се инвестира, но и малку се зборува. Јас тука би ги спомнал и медиумите. Многу малку им даваат значење на овие не толку познати спортови. Затоа сметам дека државата треба малку повеќе да вложи, затоа што ние пред сѐ одиме со сопствени финансии, сопствени припреми. Замислете кога би имале поддршка многу поголема и финансиска – само така може да одиме напред“, вели Манев и додава дека целиот пакет како учество на маратонот, подготовките го чинеле околу 2,5 илјади евра.
„Таму имам котизација, пат, спиење, припреми, опрема. Не можеш да одиш како што се вели со искинати патики. Потребна е задолжителна опрема којашто ја бараат. Сето тоа чини, и не е мала инвестиција за да почнете да се занимавате со овој спорт, особено со ултрамаратон, бидејќи со добра опрема и вие сте многу подобро спремен“, вели Манев.
Целото интервју погледнете го во видеото.