
Во „Трилинг“ со нашиот виртуоз на гитара Влатко Стефановски и со потпретседателот на СДСМ Александар Трајановски.

„Јас сум во многу проекти влезен. Паралелно работам различни проекти со различни соработници. Неодамна се вратив од Подгорица кадешто работев со Симфонискиот оркестар на Црна Гора и со моите драги пријатели. Ме очекуваат концерти со моето трио. Со мјузиклот ‘Као какао’ ме удри многу силен бран на носталгија, затоа што прво се работеше на ретроспектива на моите песни низ периодите по кои сум поминувал. Второ има една многу фина ‘жичка’ на мојата генерација која растеше во 70-тите години. раскажани од школо, од дома, од улица, па од зачувување, одлучување, симпатии и тн. Значи Венко Андоновски мастреално дејствието го умрежи во мојата музика, низ моите песни. Секоја сцена е оправдано напишана, и во секоја сцена е оправдано отпеана некоја песна. Тука и јас можев симболично да ја препознам и изградбата на после-земјотресно Скопје.
-Тафталиџе и сите други населби беа изградени како неопходност после таа огромна катастрофа што му се случи на Скопје“, изјави во „Трилинг“ Влатко Стефановски.
Говорејќи за дел од неговиот приватен живот, Влатко Стефановски го спомнува и неговиот брат, академикот Горан Стефановски, неговите деца, како и неговата мајка и татко Мирко Стефановски.
„Ние не ‘трчавме во исти’ патеки. Тој се занимаваше со театар, јас со музика. Немаше никаков ривалитет. Еден со друг се надополнувавме. Јас прв му ги пуштав моите песни, а тој ми ги читаше неговите драми.
-Тука морам да ги спомнам и моите родители, Нада и Мирко Стефановски, кои беа многу значајни, чесни, талентирани и образовани луѓе. Нека не звучи нескромна, но мојата куќна библиотека брои околу 2500 книги. Тука не ја сметам на Горан библиотеката. Тоа е едно наследство кое дали сакаш, или не сакаш, ти влијаело.
-Ќерка ми докторираше на книжевност. Тоа е многу значајна уметност. Нејзиниот докторски труд, Универзитетот во Падова го испринта во книга што самиот Универзитет го објави, а тоа не се случува со секој студент или докторанд. Тоа беше значајно ‘парче’ што она го направи. Потоа се врати од Падова, бараше работа што не ја најде, и си замина во Ирска. И тоа е многу логично. Многу млади луѓе од таа генерација го прават истото
-Јан е многу музикален, и постојано му говорам дека има подобар слух од мене. Тој има апсолутен слух. Може да погоди нота Ц, нота Г, нота Ф. Ако нешто погрешиш ќе те опомене“, вели Стефановски.
Осврнувајќи се на настапите во Македонија и во странство, виртуозот вели дека нашиот пазар е мал, но дека повторно се враќа во Скопје.
„Македонија е мала. Ако останеш, можеш да свириш неколку концерти во текот на годината, на пример, Скопје, Битола, Охрид, Штип, Струмица, Прилеп, и прашањето е дали потоа ќе ги вртиш истите кругови?“, додава Стефановски.
Вели дека е човек којшто гради културни мостови, а прецизира дека тоа е „клучна работа“.
„Да соработуваш со други култури, од други средини, е еден голем предизвик, но и голем благословен бидејќи јас ќе научам нешто од нив, но и тие од мене. Јас со големо задоволство сум ја расеал македонската музика низ цел свет“ , вели Стефановски.

„Ние сме тие што треба да притискаме во процесот. Треба да најдеме решение, дијалог, затоа што работата не е многу ветувачка. Иако сега Јотова наведе дека уставните измени се причина за блокадата, ние како партија во минативе две години, цело време говоревме дека дијалогот со ЕУ е многу важен. Тоа не е само дијалог со Република Бугарија, туку е дијалог со Европската Унија.
-Факт е дека за наша жал тоа е сега билатерален проблем, но сега ние не сме во ситуација да го одложуваме тоа“, вели за „Трилинг“ потпретседателот на СДСМ, Александар Трајановски, говорејќи за спорот со Бугарија и неодамнешните изјави на дел од челниците на двете држави.
Според него, владејачката ВМРО-ДПМНЕ, ја замајува јавноста дека се допира во нашиот идентитет, јазик.
И од претседателката добивме потврда за тоа, вели Трајановски, и додава дека сме добиле признание за таа наша борба.
Објаснувајќи го процесот на приближување кон ЕУ, дефинирајќи ја преговарачката рамка, Трајановски вели дека во моментов Македонија не е во ситуација да поставува услови.
„Дали ќе има услови? Многу тешко е сега Европската Унија да каже дека ова е последно барање, и мислам дека нема таков пишан документ“.
„Со целата политика што владејачката партија ја води во последниве две години, ние се повеќе и повеќе се изолираме“, вели Трајановски.
Интервјуата може да ги погледнете во видеото