Божиновска: Рубинот е заштитен како македонски полускапоцен камен

„Го заштитивме македонскиот рубин. Веќе имаме нешто македонско заштитено. Продолжуваме понатаму со заштита и на одредени видови мермер“, изјави Божиновска на брифинг со новинарите.

Министерката за енергетика Сања Божиновска соопшти дека е пристигнато решение со кое официјално се заштитува македонскиот рубин како македонски полускапоцен камен.

Таа истакна дека со тоа е завршен процесот на негова заштита и се заблагодари на Геолошкиот завод за соработката.

„Го заштитивме македонскиот рубин. Веќе имаме нешто македонско заштитено. Продолжуваме понатаму со заштита и на одредени видови мермер“, изјави Божиновска на брифинг со новинарите.

Македонскиот рубин, кој се вади во околината на Прилеп и во планините на Мариово, е корунд со карактеристична малиново-розева боја, создадена поради присуството на хром во кристалната структура. Се смета за единствен природен рубин во копнената Европа што се обработува локално, а има и голема естетска, колекционерска и културна вредност.

Активностите за негова заштита започнаа во септември 2025 година.