Африм Гаши и архиепископот Стефан на аудиенција кај папата Лав XIV

Релациите помеѓу нашите две држави се беспрекорни, на највисоко можно ниво, и гледаме можност како во иднина да ги подобриме и зацврстиме овие односи – изјави претседателот на Собранието, Африм Гаши, попладнево во Ватикан по аудиенцијата кај папата Лав XIV и средбата со Пјетро Паролин, државен секретар на Светиот pрестол.

Релациите помеѓу нашите две држави се беспрекорни, на највисоко можно ниво, и гледаме можност како во иднина да ги подобриме и зацврстиме овие односи – изјави претседателот на Собранието, Африм Гаши, попладнево во Ватикан по аудиенцијата кај папата Лав XIV и средбата со Пјетро Паролин, државен секретар на Светиот pрестол.

Во изјава за новинарите гаши рече дека разговарале за чествувањето на светите Кирил и Методиј, но исто така зборувавме и за релациите на државно ниво меѓу Ватикан и Македонија. „Напоменавме дека двата клучни столба на нашите релации се засноваат на чествувањето на светите Кирил и Методиј, а исто така и Мајка Тереза како една од личностите што ги поврзуваат овие две престолнини“, истакна Гаши, кој ја предводи државно-цковната делегација во Рим.

На аудиенцијата Гаши на понтифот му врачил два подароци – државниот порадок беше мермерна скулптура „Перо“ на вајарот Андреј Митевски, како и личен подарок – кавал изработен од Бобан Анакиев. Гаши го избрал кавалот како симбол на традицијата и инструмент што ги поврзува различните заедници и култури во нашата земја.

Во собраниската делегација на аудиенцијата освен Гаши и архиепископот Стефан, беа и координаторите на пратеничките групи на ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ и „Вреди“, Никола Мицевски, Оливер Спасовски и Беким Ќоку, генералниот секретар на Собранието, Марина Димовска, а и министерот за култура и туризам Зоран Љутков

Координаторите на пратеничките групи упатија пораки на заедништво и соработка. Никола Мицевски од ВМРО-ДПМНЕ изјави дека тоа што на посета на Светиот Престол по повод Денот на светите браќа Кирил и Методиј заедно присуствувале координаторите на пратеничките групи во Собранието покажува заедништво во целта за која се дојдени во Ватикан.

„Да пратиме порака за соработка и заеднички подобрување на состојбите во државата“, порача Мицевски.

Координаторот на пратеничлката група на СДСМ, Оливер Спасовски, изјави дека е огромна честа и можноста што денеска ја имале да бидат на аудиенција кај папата Лав XIV по повод светите Кирил и Методиј.

„Тие се врската помеѓу двете земји и сметам дека Собранието денеска преку заедништво покажува за важноста на сесловенските просветители, но и средбата со папата покажува за продлабочување на нашите односи и за меѓусебната поддршка“, истакна Спасовски.