Познат идентитетот на сите жртви од сообраќајката на скопската обиколница

Педесет и едногодишниот првенец на Македонската опера и балет, баритонот Ристе Велков, неговиот 20-годишен син и уште две 20-годишни момчиња, загинаа во сообраќајната несреќа, која се случи синоќа на обиколница на Скопје, помеѓу надвозникот Визбегово и клучката Мирковци.

Педесет и едногодишниот првенец на Македонската опера и балет, баритонот Ристе Велков, неговиот 20-годишен син и уште две 20-годишни момчиња, загинаа во сообраќајната несреќа, која се случи синоќа на обиколница на Скопје, помеѓу надвозникот Визбегово и клучката Мирковци.

МВР попладнево соопшти дека е потврден идентитетот и на четвртата жртва во катастрофалната несреќа и оти исто така станува збор за 20-годишно момче.

– Од здобиените повреди на местото на несреќата починал возачот Р.В. и сопатниците од неговото возило, А.В.(20), П.М.(20) и М.Ѓ.(20), сите од Скопје. Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител телата на починатите се дадени на обдукција – се наведува во полицискиот билтен.

Несреќата се случила синоќа во 23 часот кога помеѓу надвозник Визбегово и клучка Мирковци. Б.Б.(76) од Косово, управувајќи товарно возило – влекач „ман“ со полуприколка со косовски национални ознаки изгубил контрола над возилото и со него преминал преку металната ограда во спротивната насока на автопатот при што се судрил со патничко возило „бмв“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Р.В.(51) од Скопје.

Од сударот настанал пожар во двете возила од кој патничкото возило и кабината на влекачот целосно изгореле. Пожарот бил изгаснат од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје.

По наредба на јавен обвинител возачот Б.Б. е лишен од слобода и задржан во полициска станица. По целосно расчистување и документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

За време на вршење на увидот, односно во периодот од 23:10 до 05:00 часот сообраќајот беше пренасочуван на патниот правец Тетово-Велес, кај клучка Приштина кон с.Визбегово, и Велес-Тетово кај клучка Мирковци. Во 05:00 часот сообраќајот бил нормализиран.