
Во изминатото деноноќие во земјава се регистрирани се вкупно 27 пожари на отворен простор, од кои два се активни, три се под контрола, а 22 се изгаснати, соопшти утрово Центарот за управување со кризи.
Активни пожари има во Општина Маврово и Ростуше кај месноста Голем Брдаш каде што гори шума и во Општина Шуто Оризари – кај Визбегово, позади хотелот „New Star“, каде што е запалена депонија.
Пожари под контрола се пожарите во Општина Зелениково над с. Палиград – Преслап, во Општина Сарај – кај с. Копаница и во Општина Струга – кај селата Пискупштина, Буринец и Локов.