Таравари: Сите партии од албанскиот блок треба да го поддржат Јахиј

„Многу важна победа доаѓа од Брвеница! Честитајќи му на Аркин за победата, ги повикувам сите албански партии да гласаат за овој чесен и посветен човек кој го почитува секој Албанец!“, напиша Таравари.

Лидерот на Алијансата за Албанците, Арбен Таравари, реагираше на предвремените локални избори во Брвеница, изразувајќи поддршка за кандидатот на коалицијата предводена од ДУИ, Аркин Јахиј и повикувајќи ги партиите од албанскиот политички блок да го поддржат.

„Многу важна победа доаѓа од Брвеница! Честитајќи му на Аркин за победата, ги повикувам сите албански партии да гласаат за овој чесен и посветен човек кој го почитува секој Албанец!“, напиша Таравари.

Кандидатот за градоначалник на општина Брвеница од Влен, Јакуп Хусеини синоќа беше во штабот на кандидатот на „Национална алијанса за интеграција“ предводена од ДУИ, за да му го честита влезот во вториот круг од предвремените локални избори.