„Meules de blé“ од Ван Гог продадена за 36 милиони долари

Сликата на Винсент ван Гог „Meules de blé“ (Купишта пченица) од 1888 година – украдена од нацистите за време на окупацијата на Франција, е продадена во Кристис во Њујорк за 35,9 милиони долари

Сликата првично му припаѓала на братот на Ван Гог – Тео, а подоцна во 1913 година ја купил еврејскиот индустријалец, Макс Меировски.